понедељак, 22. септембар 2014.

Антички олимписки игри

Античките Олимписки игри беа серија на натпреварувања одржани помеѓу претставници на неколку градови-држави и кралства од Античка Грција, во кои главно се одржуваа атлетски игри но имаше и борби и трки со коли. За време на Олимписките игри сите борби и војни против учесниците градови-држави беа одложени до завршувањето на игрите. Потеклото на овие Олимписки игри е обвиткано во мистерија и легенда. Еден од најпопуларните митови е дека Херакле и неговиот татко Зевс ги создале или се предци на игрите. Според легендата, Херакле е првиот кој ги нарекол игрите “Олимписки”, и го формира концептот за нивно одржување на секои четири години. Друга легенда опишува дека, откако Херакле ги завршил 12те подвизи, го изградил Олимпискиот стадион во чест на Зевс. По завршувањето на подвизите, тој изодел права линија од 200 чекори и ја нарекол оваа оддалеченост “стадион” (грчки: στάδιον, латински: стадион, "сцена"), која подоцна стана и мерка за една од натпреварувачките дисциплини во игрите. Друг мит ги поврзува првите игри со античкиот Грчки концепт за Олимписко примирје (ἐκεχειρία, ekecheiria). Како најшироко прифатен датум за почеток на старите Олимписки игри е 776 година п.н.е. бидејќи се пронајдени натписи со имињата на победниците на трките во трчање кои се одржувале секои четири години. Античките игри вклучувале трчање, пентатлон (составен од скокање во далечина, фрлање диск, фрлање копја, трка на една нога и борење), бокс, борење итн. Традицијата вели дека Кореобус (Coroebus), готвач од градот Ерлис, бил првиот Олимписки шампион.

Нема коментара:

Постави коментар