понедељак, 22. септембар 2014.

Олимписки игри

Олимписките игри се голем меѓународен настан, вклучувајќи летни и зимски спортови, во кои илјадници спортисти учествуваат во различни натпревари. Олимписките игри се сметаат за најголемо спортско натпреварување во светот каде што учествуваат повеќе од 200 земји. Денес се одржуваат на секој две години, наиземнично Зимски и Летни Олимписки игри, а во меѓувреме се одржуваат сезонски митинзи. Од 2008г. градот домаќин ѓи организира и Олимписките и Параолимписките игри, во кој се натпреваруваат спортисти со телесна попреченост. Параолимписките игри се одржуваат веднаш по Олимписките игри. Првично, Олимписките игри се одржувале во Олимпија, Грција 8-ми век п.н.е. до 4 век. Барон Пјер де Кубертен го основал Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) во 1894 година. Од таа година МОК стана извршно тело на Олимпиското движење, чија структура и активности се дефинирани од страна на Олимписките повелба. Олимписките игри биле обновени во 1896год.
Еволуцијата на Олимпиското движење во текот на 20 и 21 век резултираше со неколку измени на Олимписките игри. Некои од овие промени вклучуваат создавање на Зимски игри за зимски и спорови на мраз, Параолимписките игри за спортисти со физички хендикеп и Младинските игри за млади спортисти. МОК мораше да се адаптира на различните економски, политички и технолошки промени во 20 век. Како резултат на тоа игрите од целосен аматеризам како што го замислува Кубертен, почнаа со вклучување и на професионални спортисти. Зголемувањето на влијанието на Мас Медиумите доведе до големи коорпоративни спонзорства и комерцијализација на игрите. Светските Војни доведоа до откажување на игрите во 1916, 1940, и 1944 година. Големите протести за време на Студената војана доведоа до ограничено учество на игрите во 1980 и 1984.

Нема коментара:

Постави коментар